ИГОР ЏАМБАЗОВ Е ЛАУРЕАТ НА ТЕАТАРСКИОТ ФЕСТИВАЛ „СВ. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ“ ВО КРИВА ПАЛАНКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Игор Џамбазов е лауреат на 17. меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, кој на 29 септември ќе се отвори во Крива Паланка. Тој ќе ја прими наградата за посебни заслуги во развојот на театарската уметност, Џамбазов во Големата сала на Општина Крива Паланка.  Минатогодишниот лауреат беше Никола Ристановски.

 

За неговиот матичен театар МНТ, Џамбазов за САКАМДАКАЖАМ.МК рече дека моментално се работи како никогаш досега.

„Се направија уште неколку многу квалитетни претстави, а публиката на голема врата се враќа во театарот. Сега сме сконцентрирани на подготовките за прославата 80 години МНТ, која треба да се одржи на почетокот на ноември и ќе биде вистински театарски спектакл. Едвај чекам“, вели актерот.