ЈАПОНСКА ПЛИВАЧКА СЕ ПЛАСИРАШЕ НА ОЛИМПИЈАДАТА ВО ТОКИО ОТКАКО ПОБЕДИ ЛЕУКЕМИЈА

Токио, (АФП)
@—Žq‚P‚O‚Oƒ[ƒgƒ‹ƒoƒ^ƒtƒ‰ƒCŒˆŸ@—DŸ‚µ‚½’r]—ž‰ÔŽq“Œ‹žƒAƒNƒAƒeƒBƒNƒXƒZƒ“ƒ^[

Младата јапонска пливачка Рикако Ике се квалификуваше за Олимписките игри во Токио, две години откако ѝ беше дијагностицирана леукемија. Со резултатот што го постигна на трката на 100 метри пеперутка на националните квалификации, таа ќе може да ја претставува Јапонија во штафета.

Ике имаше само 16 години кога го освои петтото место во оваа дисциплина на претходните Олимписки игри во Рио, за во почетокот на 2019 да објави дека боледува од леукемија, по што цела година помина на лекување.

Не верував дека можам да победам. Мислев дека тоа ќе дојде многу подоцна, мојот оригинален план беше да се квалификувам за Олимписките игри во 2024“, изјави Ике, која во еден рекламен спот откри дека по лекувањето едвај можела да скокне во базен.