ЈУСЕИН БОЛТ ПРВПАТ ЈА ПОКАЖА ЌЕРКИЧКАТА ОЛИМПИЈА ЛАЈТНИНГ

Кингстон, (Дејли мејл)

Јусеин Болт ги објави првите фотографии од неговата новородена ќерка и го откри нејзиното име вредно за идна олимписка шампионка – Олимпија Лајтнинг.

(Фото: Твитер)

Најбрзиот човек во историјата ѝ го честиташе 31. роденден на својата сопруга Каси Бенет со преубава фотосесија, како што тие почнаа ново поглавје од нивниот заеднички живот.

Тие станаа родители во средина на мај, но досега не го кажаа името на ќеркичката, со кое, се чини, се оддава почит на олимпиското наследство на популарниот Лајтнинг Болт.