КАНАЃАНЕЦ НА 84 ГОДИНИ ИСТРЧА МАРАТОН НА АНТАРКТИК

Едмонтон, (Ројтерс)

Осумдесет и четиригодишен Канаѓанец стана најстар човек кој го истрчал еден од најтешките маратони на светот, што се одвива преку антарктичкиот мраз.

Рој Јерген Свенингсен од Едмонтон, кој учествува на маратони повеќе од половина век, стигнал на целта за 11 часови, 41 минута и 58 секунди, трчајќи по мраз и снег на температури од околу -15 Целзиусови степени.

„Тој е вистинска инспирација за сите генерации и исклучителен амбасадор на Канада“, изјави директорот на трката Ричард Донован.

Почнувајќи од Калгари во 1964 година, Свенингсен има комплетирано повеќе од 50 маратони низ цел свет.

Ледениот маратон на Антарктик е најјужната трка на планетата и важи за една од најтешките, а котизација за учество изнесува 24.800 долари. Годинашниот победник е Американецот Вилијам Хаферти, кој со времето од три часа, 34 минути и 12 секунди постави нов рекорд на маратонот.