Изложба на дела од меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања 2019“ ќе се отвори вечерва во 19 часот во НЛБ Галерија во Скопје.

На колонијата учествуваа уметниците Васил Ташкоски, Коле Манев, Ефтим Ристов, Синиша Кашавелски, Ставре Димитров-Стадим, Томе Мишев, Станко Георѓиески, Доне Милјаноски, Павле Кузманоски, Даниела Димческа, Илија Спасовски-Чендо, Петар Попчев, Владимир Симеонов и Драган Верговски, како и нивни колеги од Русија, Србија, Франција, Грција, Хрватска, Бугарија и Полска.

Низ оваа колонија досега поминале над 300 уметници од државава и од странство, а делата беа изложувани во уметнички центри во Подгорица, Софија, Њујорк, Москва и Париз.