Катарина Јовановска од Тетово ја освои титулата трета придружничка на изборот за Мис Евроазија, кој се одржа во Москва. Јовановска има 26 години и е членка на модното студио „Црнокрак“, кое осум години ја има лиценцата за испраќање претставничка од Македонија на овој избор.

Јовановска се натпреваруваше во конкуренција со 30 девојки од Европа и Азија. Победи претставничката на Узбекистан, титулата прва придружничка ја освои Турција, а втора придружничка е од Русија.
„Чувството да ја претставуваш Македонија надвор од границите е навистина неописиво, особено ако направиш успех и освоиш титула. Благодарна сум на модното студио ‘Црнокрак’ што ми го овозможи ова”, ни рече Јовановска.
М. ЏАРОВСКА