Холивудската актерка Кејт Хадсон на Инстаграм објави дека е бремена по третпат и дека го очекува првото девојче.
Хадсон има двајца синови од две претходни врски, а третото дете го очекува со момчето, музичарот Дени Фуџикава.
Во видеото објавено на Инстаграм, Хадсон вели дека првото тримесечје од бременоста не ѝ било баш лесно, имала мачнини и била поисцрпена, за разлика од претходните две бремености.
Рајдер Расел Робинсон, синот на Хадсон и музичарот Крис Робинсон, е роден во 2004 година, а Бингам Хон Белами, чиј татко е фронтменот на „Мјуз“, Мет Белами, е роден во 2011 година.
Хадсон и Фуџикава првпат се појавија заедно на црвен килим лани во мај, на премиерата на филмот на нејзината мајка Голди Хоун, „Грабнат”.