„И ЈАС СУМ СИРМА“ НА ЗОРАН СПАСОВ-ЅОФ Е НАЈПРОДАВАНАТА КНИГА ЗА 2024 ГОДИНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Романот „И јас сум Сирма” на авторот Зоран Спасов-Sоф е најпродаваната книга за 2024 година, според податоците на издавачот „Арс Ламина” и неговиот ланец книжарници „Литература.мк”.

„Овој контроверзен роман од жанрот историска фикција побуди интерес кај публиката и за еден месец стана бестселер за 2024“, вели издавачот.

Во книгата, главната хероина Сирма Војвода патува низ времето и е сведок на многу настани од нашата историја. Авторот кажа дека „ова е роман што ќе ве натера да плачете и да се смеете на глас, книга што предизвикува болка, љубов и радост”.

Средствата од продажбата на книгата ќе одат во добротворни цели, како што беше случај и со претходните дела на Спасов.