Кралицата Елизабета Втора го одбележа она што ќе беше 100. роденден на нејзиниот сопруг, принцот Филип, засадувајќи нов вид на ружа именувана во негова чест. Ружата Војводата од Единбург беше засадена во градината на замокот Виндзор.

Таа беше снимена насмеана додека примаше мал букет ружи од претседателот на Кралското хортикултурно здружение. Ружата, која има розево-бела боја, беше создадена по смртта на Филип на 9 април.

Филип и Елизабета поминаа во брак повеќе од 73 години, со што се најдолговечната двојка во историјата на британското кралско семејство. Тој го посвети својот живот на кралската служба, при што ја придружуваше кралицата при посетата на околу 140 држави и одработи десетици илјади ангажмани.