КРАЛИЦАТА И ОФИЦИЈАЛНО ГО БЛАГОСЛОВИ БРАКОТ НА ХАРИ И МЕГАН

Лондон, (Пипл)

Кралицата Елизабета Втора, конечно, го благослови бракот на својот внук, принцот Хари со Меган Маркл.

На само два месеца до свадбата на деценијата во Велика Британија, кралицата даде официјално одобрување за нивниот брак, на состанокот на својот Совет во Бакингамската палата.

„Изјавувам дека го давам моето одобрување за бракот помеѓу мојот внук принцот Хенри Чарлс Алберт Дејвид од Велс и Рејчел Морган“, објави Елизабета Втора, користејќи ги полните имиња на идните сопружници.

Според британските кралски правила, лицето кое е едно од шесте во редот за наследник на круната мора да добие одобрување за бракот од Нејзиното височество пред да се венча.

Хари и Меган сега веќе немаат никакви пречки да се венчаат на 19 мај во палатата Виндзор.