КРИСТИНА РИЧИ РОДИ ДЕВОЈЧЕ И ЈА КРСТИ КЛЕОПАТРА

Лос Анџелес, (Пипл)

Актерката Кристина Ричи објави дека родила девојче. Клеопатра е нејзиното прво дете во бракот со фризерот Марк Хемптон, со кого се венчаше во октомври.

„Моето срце експлодираше, никогаш не сум плачела толку многу. Добредојде на овој свет Клеопатра Ричи Хемптон! Многу сме вљубени во неа“, напиша 41-годишната Ричи на Инстаграм.

Таа има седумгодишен син од првиот брак и доби целосно старателство врз него во април по непријатниот развод од снимателот Питер Хердеген, кого го обвини за домашно насилство.