КУЧЕ ОД НЕШВИЛ СТАНА МИЛИОНЕР ОТКАКО НАСЛЕДИ ПЕТ МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОД СВОЈОТ СОПСТВЕНИК

Нешвил, (Би-Би-Си)

Кучето Лулу од Нешвил стана милионер, откако нејзиниот сопственик ѝ оставил пет милиони долари во тестаментот.

„Лулу е навистина добра девојка“, вели Марта Бартон.

Таа ја презеде грижата за осумгодишното куче од расата бордер коли по смртта на нејзиниот пријател Бил Дорис. Осумдесет и осумгодишната Бартон со години ја чувала Лулу секој пат кога Дорис би отишол на патување.

Дорис (83) бил успешен бизнисмен кој никогаш не се оженил. Тој починал лани, оставајќи пет милиони долари за да му се обезбеди убав живот на неговиот сакан миленик.

„Овие пари треба да ги обезбедат сите потреби на Лулу, која ќе остане во сопствеништво на Марта Бартон“, стои во тестаментот.

Бартон ќе добива одреден месечен износ за грижата на Лулу, но јасно ѝ е дека нема шанси пет милиони долари да се потрошат на куче.

„Би сакала да пробам, но знам дека не е можно“, низ смеа вели Бартон.