На 3 јули во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид од 20:30 часот ќе се одржи концерт на НУ „Танец“, а три дена подоцна на истото место гостува хрватскиот фолклотрен ансамбл „Ладо“, со кој „Танец“ често соработува.
Двата познати ансамбла потоа ќе имаат два заеднички настапа: на 8 јули на античкиот локалитет Хераклеја во Битола и на 10 јули во Националната опера и балет во Скопје.
„Овој незаборавен аудиовизуелен спектакл ќе донесе врвна кореографија, колоритни носии и моќни вокали кои ја слават традицијата“, велат организаторите.
Билетите се пуштени во продажба преку мрежата на Купи карта.