Леди Гага навести дека ќе се мажи.
Триесет и двегодишната пејачка и ѕвезда на филмот „Ѕвезда е родена“ му се заблагодари на својот свршеник Кристијан Карино во говорот за време на 25. годишен настан на магазинот „Ел“, Жени во Холивуд. Нејзиниот портпарол не се огласи за да ја потврди оваа информација.
На левата рака на Гага можеше да се забележи дијамантски прстен додека држеше емотивен говор, во кој допре теми како сексуални напади и ментални болести.
Таа веќе некое време го носи овој прстен, но ова е првпат да го спомене Карино како свршеник. Експертите во оваа област проценија дека вредноста на прстенот е меѓу 300 и 400.000 долари. Меѓу другото, тој го содржи еден од најретките и најуникатни сафири на светот, наречен падпарадскас.
Магазинот „Пипл“ објави дека Гага е во врска со 49-годишниот агент за таленти од февруари 2017.
Таа претходно беше свршена и за Тејлор Кини, но раскинаа во 2016 година.