ЛЕКАРОТ ЗЛАТКО ЈАЌОВСКИ СЕ ИСКАЧИ НА ЧЕТВРТИОТ НАЈВИСОК ВРВ НА СВЕТОТ ЛОЦЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Лекарот Златко Јаќовски стана вториот Македонец во последните неколку дена кој го искачил четвртиот највисок врв на светот Лоце, кој се наоѓа на границата на Непал и Тибет.

Јаќовски беше дел од меѓународна експедиција која пред два дена го совлада 8.516 метри високиот врв. По Монт Еверест, Лоце е вториот врв повисок од 8.000 метри кој тој успеал да го искачи.

Планинарскиот клуб „Х2О“ од Скопје, чиј член е Јаќовски, објави дека тој веќе е на безбедно во базниот камп.

Минатата недела, на Лоце се качи и кардиологот Сашко Кедев.

(Фото: Фејсбук)