МАЧКАТА ГЛИ ОСТАНУВА ЖИТЕЛ НА АЈА СОФИЈА И ОТКАКО ТАА ЌЕ СТАНЕ ЏАМИЈА

Истанбул, (Ројтерс)

На Аја Софија, едно од обележјата на Истанбул, пред десетина дена со судска одлука ѝ беше вратен статус на џамија, па во неа повторно ќе можат да се одржуваат верски служби. Сепак, нејзиниот единствен постојан жител, мачката Гли, нема да биде исфрлен на улица поради тоа, објави турската телевизија ТРТ.

(Фото: Ројтерс)

Гли е родена во музејот во 2004 година и овој историски објект го има направено свој дом. Таа има и свој профил на Инстаграм, каде што ја следат 20.000 луѓе.

„Гли останува во Аја Софија како нејзин совршен гостин“, пренесе ТРТ.

Турските власти кажаа дека Аја Софија ќе остане отворена и за туристи. Аја Софија е најпопуларната туристичка атракција на Турција и годишно ја посетуваат повеќе од 3,7 милиони луѓе.