МАДОНА ДОНИРАШЕ МИЛИОН ДОЛАРИ ЗА РАЗВОЈ НА ЛЕК ЗА КОВИД-19

Лос Анџелес, (Индипендент)

Мадона донираше еден милион долари во фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс за да го помогне развојот на вакцина против КОВИД-19.

Ова уследи откако коосновачот на „Мајкрософт“ неделава ги најави неговите планови за финансирање на седум истражувачки лаборатории за да работат на пронаоѓање лек за овој вирус.

„Индивидуално и глобално, очигледно живееме во вонредна состојба и морам да признам дека ми требаше време да го прифатам тоа и да го прилагодам мојот начин на живот. Ќе ѝ се придружам на Фондацијата Гејтс во нејзините напори да се најде лек кој ќе го спречи или лекува КОВИД-19. Ова ни е потребно за да ги заштитиме нашите здравствени работници, кои се најранливи, како и нашите семејства и пријатели“, напиша една од најголемите светски музички ѕвезди на Инстаграм.