Мараја Кери откри дека веќе не живее во изолација, откако почна да се лекува од биполарно пореметување.
Во интервјуто за магазинот „Пипл“, пејачката легенда кажа дека не ѝ се верувало кога првпат ја добила дијагнозата во 2001 година, откако беше примена во болница поради физички и ментален слом.
„Не сакав да верувам во тоа. Затоа долго време живеев во негирање и изолација и стравував дека некој ќе ме открие. Тоа беше претешко бреме за мене и во еден момент сфатив дека не можам повеќе да издржам. Додека не почнав со третмани, тоа беа најтешките години во мојот живот“, вели 48-годишната Кери.
Таа сѐ уште прима терапија и лекови за втор степен на биполарно пореметување, кое вклучува периоди на депресија и хипоманија.
„Земам лекови кои не ме прават премногу уморна или слаба. Се окружив со позитивни луѓе и се вратив на она што најмногу го сакам, компонирање и пишување песни“, додаде Кери, која последниот, 14. студиски албум го издаде во 2014 година.