МЕДИЦИНСКИ ТВ-СЕРИИ ДОНИРААТ МАСКИ И РАКАВИЦИ ЗА БОЛНИЦИ

Атланта, (АП)

Продукциите на популарни медицински ТВ-серии донираат дел од својата опрема, како маски и мантили, на болниците во Северна Америка.

Серијата на „Фокс“, „Специјализант“ (The Resident), донирала маски и мантили на болница во Атланта, градот каде што се снима, а серијата на Еј-Би-Си, „Добриот доктор“, ќе го направи истото за болницата во Ванкувер во која што се снима.

„Ви благодариме за оваа крајно несебична донација од вашиот сет, како наметки, маски и ракавици, сето она што им е потребно на нашите медицински лица за да може да се грижи за пациентите во време на пандемијата на КОВИД-19“, напиша докторката Карен Ло од болницата „Грејди меморијал“ на Инстаграм.