МЕГ РАЈАН СЕ СВРШИ СО РОК МУЗИЧАРОТ ЏОН МЕЛЕНКЕМП

Њујорк, (Би-Би-Си)
Festival di Taormina 3013 (ph. Daniele Venturelli)

Мег Рајан објави дека се свршила со своето долгогодишно момче, американскиот рок музичар Џон Меленкемп.

Ѕвездата на романтичната комедија „Кога Хари ја сретна Сели…“ ја потврди радосната вест на Инстаграм, проследено со детски цртеж од двајцата.

Според магазинот „Пипл“, Рајан и Меленкемп се во врска од 2011 година.

Ова ќе биде втор брак за 56-годишната актерка, која десет години беше мажена за колегата Денис Квејд. Единаесет години повозрасниот Меленкемп, кој четири децении е активен на музичката сцена и важи за голема ѕвезда во САД, има три пропаднати брака зад себе.