МЕГАН МАРКЛ ГО ИЗБРАЛА ВЕНЧАЛНИОТ ФУСТАН, СЕ КРИЕ ИМЕТО НА ДИЗАЈНЕРОТ

Лондон, (Мирор)

Меган Маркл, конечно, ја избрала својата венчаница од сништата за претстојната свадба со принцот Хари, закажана за мај.

Откако Меган и Хари објавија дека се свршиле, англиските медиуми не престануваат да анализираат каков стил ќе избере идната војвотка за овој свечен ден за целата Велика Британија.

Поранешната актерка ги разгледувала опциите со својата најдобра пријателка и стилистка Џесика Малрони, па тие заедно поминале четири дена во Нотингем котиџ, каде што живее со Хари.

Малрони, која се погрижи за изгледот на Меган и за денот на свршувачката, допатувала во Лондон на 10 јануари, при што разгледале голем број опции препорачани од избраниот дизајнер, чие име не се соопштува.

„Ми кажаа дека тие разгледале бројни понуди со дизајнерот и Меган била неверојатно возбудена што работите почнаа да се одвиваат. Сега-засега, само мал број блиски луѓе го знае името на дизајнерот, па не очекувајте тоа да се дознае во скоро време. Дури и Хари бил воодушевен од првите проби“, откри извор близок до Меган Маркл.

Меѓу дизајнерите со кои Маркл досега има соработувано се Ралф и Русо, Миша Нону, Антонио Берарди, Ролан Муре, Викторија Бекам и Ели Саб.