Идната војвотка Меган Маркл за првпат се појави во јавност заедно со кралицата Елизабета Втора.

Свршеницата на принцот Хари им се придружи на кралицата и на останатите членови на кралското семејство на службата по повод Денот на Комонвелтот, што се одржа во Вестминстерската црква.

Ова се смета за важен чекор кон влегувањето на Меган Маркл во кралското семејство. Таа ќе се венча со Хари на 19 мај.

Хари и Меган беа пречекани со вресоци и извици од присутните, додека влегуваа во црквата. Освен нив, на службата дојдоа и принцот Вилијам со сопругата Кејт, принцот Чарлс, како и принцот Филип, сопругот на Елизабета Втора, која веќе 66 години е на чело на Комонвелтот, што опфаќа 53 држави низ целиот свет.