МЕЃУНАРОДЕН ТАНЦОВ НАТПРЕВАР ВО АПРИЛ ВО СКОПЈЕ, ЌЕ ИМА 1.500 УЧЕСНИЦИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 6 и 7 април, во скопскиот хотел „Мериот“ ќе се одржи меѓународниот танцов натпревар „Дајмонд“, на кој ќе настапат над 1.500 танчари од Македонија, Унгарија, Полска, Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Романија и од Хрватска во повеќе танцови категории.

Натпреварот го организираат Сара и Нермин Кочан од инклузивното танцово студио „Денсерс јунајтед“. Танчарите ќе ги оценува комисија од 20 судии, од кои 10 национални и 10 меѓународни. Ќе се натпреваруваат во класичен и модерен балет, латино и стандардни танци, акробатски танц шоуа, хип-хоп, инклузивен и пара танц, диско и уличен танц. Натпреварот е поддржан од Светската танцова уметничка федерација и Националниот танцов сојуз.

Фото: С. Рајхл