„М“ НА ВАРДАН ТОЗИЈА ПОБЕДИ НА ФЕСТИВАЛОТ „НОЌ НА ХОРОРОТ“ ВО САД

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„М“ на режисерот Вардан Тозија, продукција на „Фокус покус филмс“, ја освои наградата за најдобар интернационален филм на 16. издание на филмскиот фестивал „Ноќ на хоророт“ во Висконсин, САД. Овој фестивал една деценија се одржуваше во Мелбурн и Сиднеј, Австралија, а сега се префрли во САД.

„’М’ е чудесно остварување, трогателна драма за созревање сместена во дистописки кошмар од Вардан Тозија“, стои во одлуката на жирито.

Од продукцијата велат дека „М“ во март ќе се прикаже во официјалната селекција на Интернационалниот филмски фестивал во Софија и на „Фантаспоа“, еден од водечките жанровски фестивали на Латинска Америка, што ќе се одржи во Порто Алегре, Бразил.

Фото: Фокус покус продукција