МЕРИЛ СТРИП И МАРТИН ШОРТ СЕ ВО ВРСКА ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ГОДИНА, КАЖА ИЗВОР БЛИЗОК НА ДВОЈКАТА

Лос Анџелес, (Пејџ сикс)

Холивудските ѕвезди Мерил Стрип и Мартин Шорт се во врска повеќе од една година, објавија американските медиуми.

Двојката работи заедно откако трикратната оскаровка се придружи на хит-серијата „Само убиствата во зградата“ (Only Murders in the Building) од третата сезона. Шорт ја предводи актерската екипа на серијата заедно со Стив Мартин и Селена Гомез. Оттогаш, тие се имаат појавено заедно на повеќе настани, но природата на нивната врска не беше потврдена.

Сајтот „Пејџ сикс“ објави дека двајцата актери се во врска повеќе од една година, при што еден извор кажа дека тоа се случило целосно неочекувано за нив.

„Мерил не можеше да му одолее на Мартин. Тој е вистински господин, постојано ја смее и севкупно е позитивна личност. Таа многу сака да биде во негово друштво“, изјави изворот.

Стрип беше мажена за скулпторот Дон Гумер од 1978 до 2017, додека Шорт беше во брак со комичарката Ненси Долман од 1980 до нејзината смрт во 2010.

(Фото: Гети)