МИЛИ БОБИ БРАУН ДОБИ ВОСОЧНА ФИГУРА ВО „МАДАМ ТИСО“

Лондон, (Индипендент)

Британската актерка Мили Боби Браун неодамна доби своја восочна фигура во Музејот „Мадам Тисо“ во Лондон.

Фигурата е облечена во костимот на Енола Холмс, која ја игра Мили Боби Браун во истоимениот филм.

Браун ги изненади обожавателите на свечената промоција на нејзината фигура и рече: „Тоа што Енола Холмс стана бесмртна со оваа фигура е голем чекор за младите жени во филмската индустрија“.

Дваесетгодишната глумица се прослави со улогата на Илевен во „Чудни нешта“ , една од најпопларните серии на Нетфликс, како и со улогата на Енола Холмс, лик од 19. век.