МОНОДРАМАТА „КАРМЕН“ НА ДРАМСКИ ТЕАТАР ГОСТУВА НА ФЕСТИВАЛ ВО МОЛДАВИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Со монодрамата „Кармен“ со актерката Биљана Драгичевиќ-Пројковска, скопскиот Драмски театар утре (27 јуни) ќе учествува на 13. Меѓународен фестивал на камерни театри и мали театарски форми во Кишињев, Молдавија.
Фестивалот се одржува од 23 до 29 јуни во Државниот младински театар во Кишињев со учество на театри од Германија, Канада, САД, Јужна Кореја, Израел, Македонија, Романија, Турција, Косово, Киргистан, Азербејџан, Казахстан и Молдавија.

Монодрамата „Кармен“ е создадена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од шпанскиот писател Мигел Делибес, а режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, Драмски театар со оваа претстава учествувал на меѓународни фестивали во Грузија, Хрватска, БиХ, Србија, Бугарија и Албанија.

Сценографијата е на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајковски. Драгиќевиќ-Пројковска за улогата на Кармен има добиено неколку меѓународни награди и признанија.