МОРАЛЕ ДА СЕ СТИСКААТ НИЗ ГОЛИ МОДЕЛИ ЗА ДА ВЛЕЗАТ НА ИЗЛОЖБАТА НА МАРИНА АБРАМОВИЌ ВО ЛОНДОН

Лондон, (Би-Би-Си)

Посетителите на новата изложба на Кралската академија во Лондон мора да поминат меѓу два голи модела за да влезат. Необичната инсталација е дел од ретроспективата на кариерата на српската перформанс уметница Марина Абрамовиќ. Има посебен влез за оние на кои им е непријатно да се стискаат низ голите модели.

Изложбата доби мешани критики: „Гардијан“ ја нарече „витална“, но „Тајмс“ рече дека е „безмилосна“.

„Влегувањето меѓу голите модели ги принудува оние со билети на конфронтација помеѓу голотијата, полот, сексуалноста и желбата“, изјави шефот на изложбите во Кралската академија, Андреа Тарсија.

Абрамовиќ е првата уметница која има самостојна изложба во главните галерии на Кралската академија во нејзината 255-годишна историја (Фото: ЕПА)

Оваа инсталација првпат беше поставена во 1977 година од страна на Абрамовиќ и нејзиниот тогашен германски партнер Улај. Двојката стоеше блиску еден до друг на вратата, принудувајќи ги посетителите да поминат меѓу нив.

Критичарот на „Телеграф“, Аластер Сук, рече дека е „преокупиран со тоа да не им стапне на прстите на моделите“, па не може да почувствува страв додека поминува меѓу нив за време на новата изложба во Лондон.

„Не треба да поминувате низ голите порти. Има премин, но тоа е мамење. Го вовлеков стомакот, обидувајќи се да не газам нечии прсти“, додаде Лора Фримен од „Тајмс“.

Ретроспективата ја опфаќа полувековната кариера на Абрамовиќ. Таа е првата уметница која има самостојна изложба во главните галерии на Кралската академија во нејзината 255-годишна историја.

Оваа инсталација првпат беше поставена во 1977 од страна на Абрамовиќ и нејзиниот тогашен партнер Ула (Фото: „Ивнинг стандард“ принтскрин)

Бен Лук од „Ивнинг стандард“ ѝ додели четири ѕвезди, пишувајќи: „Поставувањето на овој материјал на филм и фотографии е примерно, а е потпомогнато од четири живи дела од различни моменти од кариерата на Абрамовиќ“.

Но, имаше помалку ентузијазам од Сук во „Телеграф“. Во рецензијата со две ѕвезди, тој рече:

„Оние изложби од 1970-ите и 1980-ите, многу од нив соработки со нејзиниот тогашен партнер Улај сè уште изгледаат радикални и храбри. Меѓутоа, со текот на времето, бидејќи Абрамовиќ стана помалку загрижена за физичката издржливост и повеќе беше заинтересирана да го испроба својот ум, таа почна да верува во возбудата. Резултатот? Нарцисоидна уметност, лишена од ризик“

Адријан Серл од „Гардијан“ беше попозитивен, нарекувајќи го шоуто на Абрамовиќ „застрашувачко и витално“ во неговата рецензија со четири ѕвездички.

„Абрамовиќ е неуморна, храбра и екстремна“, напиша тој.

(Фото: Кралска академија)