МОСТОТ НА НЕРЕТВА ВО МОСТАР Е ЕДЕН ОД СЕДУМТЕ НАЈУБАВИ ВО СВЕТОТ

САД, (Дејли паспорт)

Мостот Ријалто во Венеција се смета за едно од најромантичните места на светот. Тој е најстариот од четирите моста што се протегаат во Големиот канал и имало неколку претходни верзии кои биле уништени пред да биде направена сегашната камена структура. Таа е дело на Антонио да Понте, кој го завршил мостот во 1591. Денес елегантниот заоблен мост е една од најпопуларните туристички атракции.

Мостот Ријалто во Венеција се смета за едно од најромантичните места на светот (Фото: Гети)

Мостот на реката Неретва во Мостар во Босна и Херцеговина е втор на листата на „Дејли паспорт“ на најубавите мостови на светот. Сегашниот мост е репродукција на оној што стоел овде повеќе од четири века, пред да биде уништен во војната во 1993.
Мостот на мирот можеше да биде само уште еден пешачки мост што го поврзува стариот град на Тбилиси со паркот Рике на исток. Но, место тоа, градот реши да подигне современ споменик кој осветлен со околу 30.000 лед-светилки и е прекрасен контраст со традиционалната архитектура на Тбилиси.

Еден од најубавите светски мостови е Ланчениот мост во Будимпешта, кој поврзува плоштади во Будим и Пешта. Тие претходно биле поврзани со несигурен монтажен мост, но грофот Иштван Сечењи сонувал за поголема, потрајна градба на почетокот на 19. век. Иако биле потребни 50 години за да се оствари визијата на грофот (и главно беше уништена од нацистите во 1945), реконструираниот мост од 1.230 метри повторно е скапоцен камен на градот.

Мостот Хеликс во Сингапур (Фото: Шатерсток)

Една од главните атракции во Сингапур е футуристичкиот пешачки мост Хеликс во елегантната област Марина Беј. Завршен во 2010, мостот долг 919 метри е инспириран од човечка ДНК.
Првиот висечки мост со челична жица во светот, Бруклинскиот мост, има шест ленти за возила и заштитена пешачка патека. Тоа беше првата фиксна точка на премин преку Ист Ривер во Њујорк која ги поврзува Менхетн и Бруклин. Познат по своите грациозни сводови, Бруклинскиот мост се градеше 14 години, од 1869 до 1883.