Малите деца, особено оние од една до три години, се полни со енергија, љубопитност и смеа и можат многу да ги научат возрасните, велат експертите. Хасан Мерали, вонреден професор по педијатрија на Универзитетот Мекмастер, лекувал илјадници пациенти на возраст од една до пет години.
Оставете ги да зборуваат гласно и бидете активни
Малите деца имаат напади на бес, но истражувањата покажуваат дека тие се појавуваат, во просек еднаш дневно и траат три минути. Остатокот од времето, рече Мерали, малите деца се мирни. Тој сподели неколку добри навики вообичаени кај децата под пет години.
„Тие сакаат да зборуваат гласно и не се срамат да зборуваат за себе, а и вие не треба да се срамите кога се погласни на улица. Двегодишните деца се активни речиси пет часа на ден“, кажа Мерали.
Одговарајте на прашања
Малите деца не се плашат да поставуваат прашања. Едно истражување покажа дека тие поставуваат во просек 107 прашања на час.
„Возрасните одмеруваат кога ќе постават прашања затоа што често се загрижени што мислат другите луѓе. Но, поставувањето прашања не само што ни помага да добиеме информации, тоа е и важен начин за градење односи“, рече Мерали.
Редовни дремки
Малите деца напредуваат според рутина, а распоредот со постојано време на спиење и будење може да помогне, рече Алберто Рамос, невролог од Медицинскиот факултет „Милер“ во Мајами. Ако вашиот распоред дозволува и ако имате потреба, дремењето има многу придобивки. Сè додека немате проблем со несоница, Рамос препорачува куса дремка, максимум 20-30 минути, во раните попладневни часови.
Барајте причини да се смеете
Малите деца го гледаат светот како клуб за комедии, пишува Мерали. Едно истражување покажа дека малите деца се смеат шест пати повеќе од возрасните. И возрасните треба да бараат начини како повеќе да се смеат.
„Слушајте комичен подкаст или праќајте си смешни пораки со некого. Истражувањата покажуваат дека повеќе се смееме кога сме со пријатели, па затоа одвојте време за нив“, рече тој.
Фото: Гети