50 СЕНТ КУПИЛ 200 КАРТИ ЗА КОНЦЕРТ НА ЏА РУЛ САМО ЗА ДА БИДАТ ПРАЗНИ ПРВИТЕ РЕДОВИ

Њујорк, (Ролинг стоун)

Раперот 50 Сент го крена својот конфликт со колегата Џа Рул на повисоко ниво.

Тој тврди дека купил 200 карти за еден од неговите наредни концерти само за да останат празни тие седишта. Ова се однесува на концертот во Арлингтон (Тексас), закажан за 9 ноември, при што 50 Сент, чие вистинско име е Кертис Џексон, ја исмеваше и ниската цена на картите од 15 долари.

„Тукушто купив 200 карти за предните редови за да можат да бидат празни. Луѓето мислат дека сум злобен, па одете и видете го тоа“, напиша тој на Инстаграм, при што објави и фотошопирана фотографија како седи сам во празни редови.

Џа Рул само возврати дека е среќен што може да го нервира 50 Сент.

Двајцата рапери не се во добри односи повеќе од 15 години и 50 Сент одлучи повторно да го испровоцира Џа Рул по неколку мирни години.

50 Сент неодамна ја исмеваше и пејачката Ашанти, откако таа продаде само 24 карти за еден концерт.