АЛИС МЕРТОН ЌЕ НАСТАПИ НА 10. Д ФЕСТИВАЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Алис Мертон, германско-канадско-британска пејачка која се прослави со дебитантскиот сингл „No Roots“, ќе настапи на главната сцена на Д фестивал во Дојран, што ќе се одржи од 3 до 5 јули.

No Roots“ беше еден од најголемите хитови за 2017 година и потоа се најде на првиот албум на 26-годишната Мертон, што излезе во јануари 2019. Спотот за песната стигна до 217 милиони прегледи на Јутјуб. Таа кажа дека песната била инспирирана од нејзините чести преселби низ светот.

Меѓу другите учесници на 10. издание на Д фестивал се Кај-Мани Марли, Марки Рамон, „Санаториум“, Бука Шејд, „Репетитор“ и ЛД Пистолеро.