Младата американска пејачка Девон Рос ќе го отвори концертот на Лени Кравиц во Охрид на 4 август, објави организаторот „Авалон“. Дваесет и тригодишната Рос е ново име на инди рок сцената и по неколку синглови, оваа година го објави својот дебитантски миниалбум.
Таа е ќерка на Крег Рос, кој свири гитара во бендот на Кравиц уште од 1990-тите.
Ова ќе биде трето гостување на Кравиц во Македонија и второ во Охрид. Тој ќе настапи на стадионот „Билјанини извори“ во рамките на турнејата на која го промовира својот 12. студиски албум, кој излезе во мај.