КОНЦЕРТ СО ХИТОВИТЕ НА „ПИНК ФЛОЈД“ НА 20 НОЕМВРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 20 ноември, во Филхармонијата од 20 часот ќе се одржи концертот „Numb“, посветен на музиката на „Пинк Флојд“, објави продукцијата „Фреш унион“. Концертот е најавен како аудиовизуелно шоу, а на програмата ќе бидат хитовите „Wish You Were Here“, „Comfortably Numb“, „Another Brick in the Wall“ и многу други.

„Концертот ќе биде проследен со ласери, светлосни ефекти, видеопроекции и други визуелни ефекти“, велат организаторите.

Билетите се продаваат преку мрежата на wayin.mk. Сличен концерт летово се одржа во Античкиот театар во Охрид, а песните ги пееја Ѓоко Танески и Дарко Гроздановски.