БЕБЕ ЌЕ ОБЈАВИ АЛБУМ СНИМЕН СО ЗВУЦИТЕ ОД МАТКАТА

Њујорк, (Гардијан)

Американското бебе Лука Јупанки ќе го објави својот дебитантски албум, прв на светот направен од звуците од матката.

Нејзините родители се Елизабет Харт, членка на психоделичната рок група „Сајкик илс“ и музичарот Иван Дијас Мате. Во петчасовната медитациска сесија, тие ја снимале Јупанки преку електродите на стомакот на Харт. Притоа користеле „биосонична МИДИ технологија“ за превод на вибрациите што ги собрале во синтизајзер.

„При монтирањето на снимките се трудевме да интервенираме што е можно помалку, за пораката на Лука да остане во својата сирова форма“, велат Харт и Мате.

Албумот „Sounds of the Unborn“ ќе излезе на 2 април.