ЧЕТИРИЕСЕТ ГОДИНИ ОД СЕРИЈАТА „СПЛЕТКИ“ ОБЕЛЕЖАНИ СО ПОСЕБНА КОЛЕКЦИЈА ПОШТЕНСКИ МАРКИ

Лондон, (Скај)

Четириесетгодишниот јубилеј на легендарната серија „Сплетки“ (Only Fools And Horses) е обележан со специјална серија поштенски марки. Британската кралска пошта подготви колекција од 12 марки, кои ги содржат Дел Бој, Родни и други ликови од серијата на Би-Би-Си.

Осум марки се засновани врз популарни фрази од серијата, како „Следната година ова време ќе бидеме милионери“, а останатите се посветени на четворицата членови на семејството Тротер.

„Сплетки“ почна да се прикажува во 1981 и до 2003 година имаше седум полни сезони, плус две специјални изданија.