ЗЛАТНИТЕ ГЛОБУСИ ПРВПАТ ЌЕ СЕ ДОДЕЛУВААТ ОД ДВЕ МЕСТА, ЊУЈОРК И БЕВЕРЛИ ХИЛС

Њујорк, (АП)

Претстојното, 78. доделување на Златни глобуси ќе биде прво што ќе се одржува на две места, на западниот и источниот брег на САД. Тина Феј ќе биде во Њујорк, а Ејми Поулер во Беверли Хилс, а двете заедно веќе беа водителки на церемонијата.

Феј ќе води од собата „Виножито“ во Њујорк, а Поулер ќе биде во „Беверли Хилтон“, вообичаениот простор за оваа церемонија. Се очекува номинираните да се вклучуваат од различни локации низ светот.

Номинациите ќе бидат соопштени денеска, откако доделувањето поради пандемијата беше одложено за два месеца и е закажано за 28 февруари.