БЕНДОТ НА КИЈАНУ РИВС ДОГОДИНА ЌЕ НАСТАПИ ВО ЗАГРЕБ

Загреб, (Индекс)

Американскиот бенд „Догстар“, во кој свири и холивудската ѕвезда Кијану Ривс, следната година ќе гостува во Загреб, во рамките на фестивалот ИНмјузик. Шеснаесеттото издание на ИНмјузик ќе се одржи од 24 до 26 јуни, а меѓу потврдените учесници се и Паоло Нутини, Хозиер, „Вијагра бојс“, „Нешнал“ и „Смешинг пампкинс“.

Кијану Ривс лани го возобнови гранџ бендот „Догстар“, кој пред два месеца го објави првиот албум по 23 години пауза.

Формиран во 1991, овој бенд сними два албума во 1996 и 2000, пред да се растури во 2002. Ривс свиреше бас гитара и интересот за групата растеше паралелно со неговата актерска кариера.

(Фото: Гети)