Откако и официјално го промовираше новиот имиџ на русокоса, поп ѕвездата Били Ајлиш објави дека нејзиниот втор студиски албум излегува на 30 јули. Албумот „Посреќна од кога било“ (Happier Than Ever) ќе биде најавен со нова песна утре.

„Мојот нов албум излегува на 30 јули. Ова ми е омилената работа што сум ја создала досега и многу сум нервоза и возбудена и едвај чекам да го слушнете. Никогаш не сум вложила повеќе љубов во еден проект“, напиша Ајлиш на Инстаграм.

Новиот албум содржи 16 песни и доаѓа две години по нејзиното дебитантско издание, што ѝ донесе бројни награди и беше покана да ја напише темата за новиот филм за Џејмс Бонд. Ајлиш и новиот албум го напиша и продуцираше во соработка со нејзиниот брат Финис.