Тарја Турунен и Марко Хиетала, некогашните членови на популарниот фински симфониски метал бенд „Најтвиш“ (Nightwish), ќе настапат во Скопје на 5 април 2025. Концертот во организација на „Пасворд продукција“ ќе се одржи во Младински културен центар и е во рамките на нивната турнеја „Living the Dream Together“.
Турунен (47) е една од најпознатите пејачки на метал сцената и еден од основачите на „Најтвиш“, со кој ги сними првите пет албуми. Од заминувањето од групата во 2005 гради соло кариера.
Хиетала беше басист на „Најтвиш“ од 2001 до 2021, но на албумите од овој период се издвојува и неговиот препознатлив моќен вокал.
Првите 100 билети ќе бидат по цена од 1.200 денари, а потоа ќе чинат 1.500.