БОБ ДИЛАН ГО ИЗДАДЕ 39. АЛБУМ ЗА 58 ГОДИНИ И ЈА ЗАЧУДИ КРИТИКАТА СО СВОЈАТА КРЕАТИВНА ВИТАЛНОСТ

Њујорк, (АФП)

Американската рок/фолк легенда Боб Дилан го објави својот прв албум со оригинални песни по осум години пауза и музичките критичари не штедат пофални зборови.

Rough and Rowdy Ways“ е 39. студиски албум на Дилан, кој доаѓа 58 години по неговото дебитантско остварување. Тој не мируваше и во изминатите осум години, кога сними неколку албуми со обработки. 

Овој албум е апсолутна класика. Иако се ближи кон својата 80. година, неговата креативна виталност останува зачудувачка“, пишува „Ролинг стоун“, додека сајтот „НМЕ“ го истакнува поетскиот израз на Дилан.

Албумот содржи десет песни, вклучувајќи ја 17-минутната „Murder Must Foul“, негова најдолга досега.

И покрај својата возраст, Дилан речиси постојано беше на турнеја во изминатите три децении. Поради коронавирусот, тој мораше да откаже серија настапи во Јапонија и Северна Америка, но вети дека ќе се врати на сцена штом ситуацијата го дозволи тоа.