Борис Новковиќ, хрватскиот кантавтор и евровизиски претставник, ќе одржи концерт во Скопје на 1 декември во Филхармонијата, објави организаторот „Вајб продукција“.
Синот на познатиот композитор на поп-музика Ѓорѓе Новковиќ се прослави на самиот старт на неговата кариера со првиот албум „Каде одат изгубените девојки“ (Куда иду изгубљене дjевојке) од 1986. Насловната песна, која многумина ја викаат „Тамара“, до денес остана еден од неговите најголеми хитови. Во 2005 ја претставуваше Хрватска на Евровизија со песната „Волците умираат сами“ (Вукови умиру сами).
Билетите се продаваат преку мрежата на Ticketx.mk.