Леон Хендрикс, помладиот брат на еден од најдобрите гитаристи на сите времиња Џими Хендрикс, ќе настапи на 23. издание на скопскиот Блуз и соул фестивал, што ќе се одржи на 12 и 13 септември во „Станица 26“.
Седумдесет и едногодишниот Хендрикс ќе свири како дел од проектот „Во името на Џими“, заедно со триото на Италијанецот Фулвио Феличано.
За разлика од Џими Хендрикс, кој е инспирација за речиси секој гитарист, Леон Хендрикс релативно доцна почнал да свири и досега има издадено два албума со својот бенд.
Други учесници на фестивалот се „Зипи непрс“ од Грција, „Торок Фехер дуо“ од Унгарија и македонската група „Моул пек“.