Британското трио „Дисајплс“ ќе настапи на годинашниот Д фестивал во Дојран, кој со тоа ја продолжува традицијата да носи актуелни големи имиња од светската денс сцена.
„Дисајплс“ експресно се проби на музичката сцена во 2015 година со глобалниот хиг „Колку е длабока твојата љубов“, снимен заедно со Келвин Харис и спотот во меѓувреме собра над милијарда прегледи на Јутјуб. Песната се искачи на второто место на британската топ-листа и беше на врвот во неколку други земји.
Голем успех постигнаа и со ланскиот хит „Во моите мисли“, кој стигна до 15. место во Велика Британија.
Освен „Дисајплс“, како нови учесници на осмото издание на Д фестивал се потврдени и словенечката група „Коала војс“ и младиот скопски метал бенд „Конспираси“, актуелен победник на Лузер фест.