„Фантазии“ е насловен вечерашниот рецитал на бугарскиот пијанист Евгениј Генчев од 20 часот во Камерната сала на Филхармонијата. На програмата се дела од Албинони, Шопен и Лист.

Генчев е роден во Бугарија, а пијано учел во Националното училиште за музика и танц „Добрин Петков“ во Пловдив. Едукацијата ја продолжил на Кралската академија во Лондон и на Интернационалната пијано академија во Имола, Италија.

Генчев настапува во Европа, Северна Америка, Азија и Австралија и е добитник на повеќе од 50 национални и меѓународни награди на натпревари за пијано.