Пионерите на македонскиот хип хоп „Чиста околина“ го објавија првиот сингл од своето следно студиско издание, чие излегување е најавено во првата половина на 2022.
„‘Чиста околина‘ останува доследна на својата бескрајна музичка љубопитност и на новата песна ‘Врие Македонец‘ го спојува хип хоп изразот со семплови од Драган Ѓаконовски-Шпато, ‘Телонаука совршена‘, ‘Анастасија‘ и Алек Пејовски“, објави издавачката куќа „Филтер лејбл“.
„Чиста околина“ во мај го објави првиот албум по повеќе од четврт век пауза, кој претходно беше најавен со сингловите „Си играме со рапот“ и „Малку поети“. Насловен „Avant-garde fatiguée“, тој беше најавен како прв од трите албуми што групата планира да ги издаде во наредниот период.