ДА БЕШЕ ЖИВА ШИНЕД О’КОНОР, ЌЕ ЈА ВИКНЕВ ПАК ДА ПЕЕ ВО ВЕЧЕРНО ШОУ, 3О ГОДИНИ ОТКАКО ЈА ИСКНИНА СЛИКАТА ОД ПАПАТА, РЕЧЕ ПРОДУЦЕНТОТ ЛОРН МАЈКЛС

САД, (Ентертејмент викли)

Повеќе од 30 години откако починатата пејачка и текстописец Шинед О’Конор беше забранета на Саботното вечерно шоу на „Ен-Би-Си“ поради нејзиниот озлогласен настап во кој искина фотографија од папата Јован Павле II, продуцентот на шоуто Лорн Мајклс, рече дека би ја замолил повторно да се појави на прославата по повод 50-годишнината од емисијата.

Во ново интервју, 80-годишниот Мајклс зборуваше за заедничката изведба на песната „Ништо не се споредува со тебе“ (Nothing Compares 2 U)  на Мајли Сајрус и Британи Хауард во февруари, хитот на О’Конор, која почина од природна смрт во 2023.

Одговарајќи на прашањето дали во кој било момент повторно размислил да привлече „внимание на еден од поконтроверзните моменти на шоуто“ со изборот на песни, Мајклс одговори „Не“.

„Да беше О’Конор сè уште жива, ќе ја замолев да ја отпее таа песна“, рече Мајклс.

„Имаше дел од мене кој едноставно ѝ се восхитуваше на храброста и на она што го направи, а исто така и на нејзината апсолутната искреност“, рече тој.

Годинава ќе се снима биографски филм за пејачката Шинед О’Конор, која почина на 56 години. Според „Вараети“, биографскиот филм ќе ги истражува раниот живот на О’Конор и нејзините почетоци во музичката индустрија. Ќе се обиде да ја раскаже приказната за тоа како една млада жена од Даблин го освоила светот, градејќи ја својата светска слава со талент.