ДАЈТЕ НИ РАБОТНИ ВИЗИ ДА СИ ОДИМЕ ОД БИХ – „ДУБИОЗА КОЛЕКТИВ“ НАСТАПИ ВО СОВЕТОТ НА ЕВРОПА

Стразбур, (Радио Сараево)

Босанскиот бенд „Дубиоза колектив“ настапи во Советот на Европа во Стразбур во рамките на Светскиот форум за демократија. Свирејќи некои од своите најголеми хитови, меѓу кои и „Бела чао“, тие ја разиграа салата во која беа учесниците на форумот, активисти и европски бирократи.

Тие истовремено укажаа на тажната реалност дека голем број луѓе ја напуштаат БиХ.

„20 отсто луѓе ја напуштија нашата земја во изминатите години. Можеме да направиме нешто по тоа прашање, вие можете да ни помогнете. Можете да ни помогнете да добиеме работни визи за и ние седумтемина да си заминеме. Ако тука има некој премиер што може да ни помогне, ќе му оставиме наш контакт“, порачаа членовите на групата.

Тие се понудија да свираат во паузите на седниците.

„Имаме доста добри песни, ќе ви помогнеме да се опуштите“.