Десеттото издание на фестивалот на независна музика Здраво млади во Скопје ги доби терминот на одржување и првиот учесник.

Единствениот скопски летен музички фестивал ќе се одржи на 27 август, повторно на летната сцена зад Младински културен центар, што беше отворена лани.

Организаторите веднаш го најавија и првото име кое ќе настапи на фестивалот: данските легенди на инди-рокот „Ефтеркланг“, кои доаѓаат во Скопје по објавувањето на петтиот студиски албум, што критиката го пофали како нивни најдобар досега.

Веќе можат да се купат и карти за Здраво млади 10, кои моментално се по најевтината цена од 500 денари.