Бившата тениска ѕвезда Марија Шарапова се сврши пред Божиќ и сега се пофали со импресивниот прстен што го добила по тој повод.

Триесет и тригодишната Шарапова му рекла „да“ на британскиот милионер Александер Гилкс, со кого се запознала во јануари 2018. Специјалниот ден бил обележан со дијамантски прстен, чија вредност се проценува на 300.000 фунти.

(Фото: Инстаграм)

Шарапова и Гилкс ја држеле својата врска во тајност сѐ додека Русинката не објави фотографии од заедничкото романтично патување во руралната англиска област Котсволдс во октомври 2018.

Гилкс е 41-годишен британски бизнисмен, кој е коосновач и бивш претседател на аукциската куќа „Paddle8“, од која се повлече во 2018 година.